Вакцината против инфекцијата на сејсуално преносливото заболување кламидија трахоматис ги мина првите тестови за сигурноста, а станува збор за првата вакцина од овој тип тестирана на луѓе, велат британските научници во статијата објавена во стручното списание The Lancet Infectious Diseases.
Експертите велат дека вакцината веројатно е најдобар начин во борбата против споменатата болест, којашто, на пример во Велика Британија, на годишно ниво прават речиси половината од сите дијагностицирани полови инфекции, пишува BBC.
Меѓутоа, ќе бидат потребни дополнителни тестирања и истражувања за да се покаже во колкава мера вакцината е ефикасна и колкава доза е потребна, За тоа ќе бидат потребни неколку години, па во меѓувреме најдобар начин да се избегне заразувањето со кламидија е користењето кондом.
Кламидиската инфекција е најраширената и најпогубната по човековата плодност полова болест. Се нарекува уште и „тивка епидемија“, бидејќи делува „подмолно и тивко“, најчесто без воочливи сиптоми, а станува видлива дури откако ќе се развијат сериозни последици.
Заболувањето кламидија трахоматис (Chlamydia trachomatis), освен генитални инфекции може да предизвика и трахом, болест на окото која е главна причина за слепост во светот, како и полово преносливата болеста lymphogranuloma venereum, раширена во тропските и суптропските земји. Последиците кај жените може да бидат и вонматерична бременост, спонтано губење на плодот или неплодност.
Доколку не се лекува со антибиотици, кламидијата може да предизвика и сериозни компликации и да резултира со тешка медицинска, психосоцијална и економска последица за жените, мажите, доенчињата и системот за здравствена заштита. Ако не биде откриена на време и не се лекува, кламидиската инфекција станува перзистентна и хронична.
И покрај скринингот и ефикасното лекување со антибиотици, кламидиската инфекција е најчестата бактерсика полово пренослива болест во развиениот свет, проширена кај адолесцентите и младите до 25 години. На сексуално активните и лицата помлади од 25 години им се препорачува секоја година да се тестираат на кламидија.
Стручњаците веруваат дека вакцинирањето ќе биде решение на подолг рок. Во првите тестирања на група од 35 жени, научниците од лондонскиот Империјал Колеџ, користеле две различни формули за вакцината. И двете се покажале бебедни, но едната била подобра. Сега научниците имаат намера да ја разиваат во следната фаза од тестирањата. Според нив, вакцината ја создава очекуваната имунореакција.
„Резултатите од истажувањата се охрабрувачки и упатуваат на тоа дека вакцината е безбедна и оти создава имунореакција која потенцијано би можела да го заштити организмот од кламидијата. Нашиот следен чекор се дополнителните тестови, но додека не бидат завршени нема потполно да бидеме сигурни дали оваа вакцина дејствува навистина како заштита од инфекцијата. Се надеваме дека за година или две ќе влеземе во нова фаза од тестирањата. Доколку тие се покажат успешни, за пет години би можеле да развиеме готова вакцина“, вели за BBC професорот Ронин Шеток.
Додава и дека овој вид вакцина би можело да се дава заедно со онаа против ХПВ вирусот.
Имајќи предвид дека глобално е во пораст бројот на заразените со полови преносливите болести, меѓу кои се и гонореата отпорна на антибиотиции и неодмана откриената габична инфекција предизвиката од габичата candidа auris, смртоносна во 70 отсто од случаите поради отпорноста на постојните лекови, стручњаците и натаму во заштитата од половите инфекции препорачуваат кондоми.