Вакцината против коронавирусот стаса во Австралија и Нов Зеланд

Австралија и Нов Зеланд го примија првите пратки од вакцините против Covid-19 и ќе започнат со вакцинирањето следната седмица, додека градовите Мелбурн и Окленд се под мерки со ограничено движење по појавата на новите случаи на коронаинфекции.

„Орелот слета“ обајви австралискиот министер за здравство Грег Хант во Канбера во понеделникот, откако пристигна првата пратка од 142.00 дози од вакцината која ја развија американската фармацевтска компанија „Pfizer Inc“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“. Вакцинирањето во Австралија ќе започне на 22-ри февраури.

На Нов Зеланд премиерката Џакинда Ардерн изјави дека стасала првата серија од 60.000 вакцини на „Prizer/BioNTech“ и дека ќе ги минат проверките за сигурност пред да започне вакцинирањето на пограничните службеници во сабота.

„Ова ќе биде најголемата целосна кампања за вакцинирање во историјата на оваа земја. Купивме доволно вакцини за сите Новозеланѓани и тие ќе бидат бесплатни. Тоа ги вклучува и сите на Нов Зеланд без оглед на статусот на нивните визи“, рече Ардерн.

И двете земји воведоа ограничувања на движењето во одредени градови, откако се појавија жаришта на коронавирусот во хотел за карантин во австралиски Мелбурн, додека новозеландските власти истражуваат како високозаразниот британски сој на вирусот заразил три члена на семејство во Окленд.