Најистакнатиот германски вирусолог, Кристијан Друстен, препорачува вакцинираните луѓе да се инфицираат со коронавирусот, за да бидат што подолго заштитени од ковид-19.
Тој на својот поткаст објави дека вакцинираните луѓе, кои намерно ќе се заразат, можат да создадат високо ниво на антитела. Друстен, исто така, изрази сомневање дека само вакцинацијата е доволна за надминување на пандемијата.
– На есен, дефинитивно ќе треба да ги ограничиме контактите – рече тој.
Според него, мислата за безгрижно влегување во есента е „луда претпоставка“.
Врз основа на моменталната ситуација, посочува тој, вакцината штити од сериозни болести, но не и од инфекција.
Според Друстен, пандемијата може да се победи само со вакцина и инфекција по имунизацијата. Во исто време, тој апелираше до вакцинираните да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така можат да ги заштитат невакцинираните сограѓани.