Сексот е момент на страст во кој што и двајцата партнери треба да уживаат. Но, понекогаш во големата желба да и угодат на партнерката, мажите знаат да претераат.
-
Половична ерекција
За разлика од жените кои може да водат љубов и кога не им е дојдено до тоа, а партнерот никогаш нема да дознае, мажите неможат да одглумат дека се возбудени. Поради тоа ситуацијата во која што неговиот полов орган не е 100 отсто „во форма“ е мошне честа.
Но, немојте да се грижите тоа не значи дека веќе не сте му привлечни или дека не ве сака. Причините за половична ерекција најчесто се стрес, замор, страв или пак несигурност.
-
Малку понежно… таму долу
Во желбата да ја задоволат партнерката мажите понекогаш претеруваат. Со оглед на тоа што мажите претставуваат физички посилен пол, понекогаш нивната сила не оди во корист на понежниот пол. Прегрубата орална игра е мошне честа и поголемиот број жени ја игнорираат.
Грубите допири, но и острата брада можат многу нагло да го намалат, па дури и да ги угасат страстите. Единствено решение на овој проблем е комуникацијата. Објаснете му дека „тоа долу“ е чувствителна и нежна зона и дека се потребни нежни допири и бакнежи.
-
Малку е прбрз за вас
Повеќе од 70 отсто од жените барем еднаш се нашле во ситуација едноставно да неможат да стасаат до врвот. Иако прераната ејакулација е медицински проблем, во најголемиот дел од случаите станува збор само за ефектот што вие го имате врз вашиот партнер, што може и да ви ласка.
Но, ако ваквата ситуација се повторува често, време е за промени. Разговарајте со партнерот или употребете некои од техниките што помагаат. Подебел кондом или мастурбација пред секс се само некои од техниките што може да ви помогнат да стигнете до посакуваниот оргазам.