Вакви измами станаа чести во Македонија – лажеле дека направиле сообраќајка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(55), Ш.У.(74), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против И.Н.(53) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 02.11.2021, прво и второпријавениот во населба Ѓорче Петров на лице од скопско село му се претставиле дека се странски државјани и дека направиле сообраќајна незгода, по што му побарале 28.300 денари, довеувајќи го во заблуда дека ќе му ги вратат.

Третопријавениот, со своето патничко возило „мерцедес“ ги донел прво и второпријавениот до местото на извршување на делото, ги чекал, а потоа ги однел до населба Чаир, а за возврат примил парична награда.