
Крилниот напаѓач ќе ги брани боите на Лион во следните три сезони, а сумата која ја доби Динамо Москва за овој фудбалер е околу шест милиони евра.
30-годишниот Валбуена во руското првенство помина само една година, каде на 29 натпревари постигна 4 погодоци.
Интересно е дека Валбуена цели осум сезони настапуваше за Олимпик Марсеј (2006-2014), лутиот ривал на Лион од француското првенство.