Валенсија и Аталанта ќе играат пред празни трибини

Реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Валенсија и Аталанта на 10-ти март ќе се играат пред празните трибини на стадионот „Местаља“, одлучи шпанската влада во страв од ширењето на коронавирусот, во земјата во која во моментов има 150 инфицирани лица.

„Донесовме одлука овој меч да се одигра без гледачи поради опасност од зараза и во согласност со нашиот акциски план за борбата против епидемијата на коронавирусоа“, изјави шпанскиот министер за здравство, Салдвадор Ила.

Инаку во првиот меч, кој се одигра на милански „Сан Сиро“, каде Аталанта ги игра дуелите од Лигата на шампионите, италијанскиот тим победи со 4:1.

Поради истите причини нема да има навивачи, ниту на првиот меч од осминафиналето од Лига Европа меѓу Хетафе и Интер, кој е закажан за 19-ти март.