Валенсија против Реал Бетис ја прекина црната серија

Фудбалерите на Валенсија ја прекина црната серија од пет натпревари без победа, откако во саботата во средбата од 26-то коло на шпанското првеснтво на „Местаља“ го победија Реал Бетис со 2:1.

Головите за „Лилјаците“ ги постигнаа Кевеин Гамеиро во 60 и Дани Парехо во 89 минута, додека стрелец за гостие беше Лоран Морон во третата минута од судиското продолжение.

Валенсија до овој меч освои само еден бод во последните пет дуели со гол-разлика 4:14. Сега е привремено на седмото место со 41 бод. Бетис, пак, ја продолжи серијата без победи на седум натпревари и моментално падна на 14-то место со 30 бодови.

Победа оствари и Еибар кој го порази Леванте со 3:0, а головите ги постигнаа Карлес во 27  и 48 минута, и Фабиан Орелана во 84 минта. Еибар има 27 бодови и е на 16-то, или пет бода повеќе од опасната зона. Леванте е 10-ти со 32 бода.

Леганес и Алавес идиграа 1:1. Гостите поведоа преку Перез во 47, а домашните израмнија во 59 минута со голот на Кариљо. Леганес и натаму е претпоследен 19-ти со 20 бодови, а Алавес е 13-ти со 31 бод.

Во недела на распоредот е големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, кое се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Барселон во моментов е во предност од два бода на врвот на табелата.