Пласман во полуфиналната рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, обезбедија шпанските прволигаши Валенсија и Севиља, португалскиот претставник Бенфика и актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.
Иако реванш дуелот на „Местаља” го стартуваа со негатива од три гола, фудбалерите на Валенсија одиграа фантастично во регуларните 90 минути и во двете продолженија од по 15 минути и на крајот, сосема заслужно со убедливи 5:0 го победија и го елиминираа актуелниот шампион на Швајцарија, тимот на Базел.
Убедлив триумф од 4:1, но во реванш дуелот против шампионот на Португалија, тимот на Порто, забележа вториот шпански претставник, екипата на Севиља.
Уште еден минимален триумф, но сега на домашен терен забележа актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, кој се покажа како непремостлива пречка за францускиот прволигаш Олимпик Лион, а последниот полуфинален билет заврши кај фудбалерите на Бенфика кои забележаа уште една победа во дуелот против холандскиот претставник, АЗ Алкмар.
Резултати: Валенсија – Базел 5:0 (вкупмо 5:3), Севилја – Порто 4:1 (4:2), Јувентус – Лион 2:1 (3:1), Бенфика – АЗ Алкмар 2:0 (3:0).