
Во последниот натпревар од неделната програма на шестото коло од шпанското фудбалско првенство Валеснија како гостин во Сан Себастијан го совлада Реал Сосиедад со 3:2 (1:1).
Гостите од Валенсија водеа и со 1:0 и со 2:1 преку Родриго Морено во 27 минута и Начио Видал во 5 минута, но домашните изедначуваа преку Елеустондо во 3 и Ојарзабал во 59 минута. Откако Заза во 85 минута и трет пат ја донесе Валенсија во водство, домашните немаа одговор.
Претходно во неделата Еспањол со 4:1 го совлада Депортиво. Стрелци за домашните беа Лео Баптистао во 5, Арибас си постигна автогол во 22, Жерар Морено од пенал погоди во 72 минута а беше прецизен и во 90 минута, додека голот за гостите го постигна Борхес во 53 минута.
Хетафе, исто така, високо со 4:0 го совлада Виљареал. Стрелци беа Анхел во 54 и во втората минута од судиското продолжение, Хорхе Молина во 64 и Маркел во 67 минута.
Лас Палмас со 0:2 беше совладан пред своите навивачи од Леганес, а головите ги постигнаа Беаувае во 47 и Ерасо во шестата минута од судиското надополнување.
Убедлива гостинска победа од 4:0 забележа и Селта кај Еибар. Стрелци беа Кабрал во 17, Гомез во 23, Пабло Ернандез во 39 и Вас во 72 минута.
На чело на табелата е Барселона со максимални 18 бодови, четири повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, а пет од третопласираната Севиља. Шампионот Реал Мадрид по лошиот старт сега е петти со 11 бодови.