„Докторот“ и претходно најави дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе во текот на летната пауза, а имаше две опции – да ја заврши кариерата или да продолжи барем уште една сезона, но сепак тој реши дека ова е крајот.
„Ова е многу тежок момент за мене, затоа што нема да се тркам следната година. Ова беше долго и забавно патување. Да се биде 25-26 години во мото-спортот е неверојатно. Имаше многу незаборавни моменти кои ги доживеав со својот тим и немам уште многу да лажам“, кажа Роси.