Валкани и секси тајни на славните личности

Тие и понатаму даваат се од себе за својата приватност да ја заштитат од јавноста, но не успеваат секогаш во тоа. Собарките, дадилките, личните асистенти и другите вработени откриваат дека славните личности не се „цвеќенца“ како што се претставуваат.

Мараја Кери

maraja

Славната пејачка наводно има таен порок. Наводно Мараја често конзумира алкохолни пијалоци кога е дома, па понекогаш не може сама ниту да се облече.

Џорџ Клуни

kluni

Го следи репутацијата на заводник, но според зборовите на вработените во неговиот дом е сосема различно. Тој наводно пред нив често подригнува и испушта гасови, па го нарекуваат „одвратна свиња“.

Том Круз

tom kruz

Потполно спротивен од Џорџ Клуни е Том Круз, барем според информациите од оние кои работат за него. Том е опседнат со чистина и има навистина строги правила во неговиот дом, кој мора секогаш да биде беспрекорен.

Кристина Агилера

agilera

Пејачката наводно секоја седмица има „секси недела“, кога со сопругот целиот ден го поминува гола. Нејзините слуги велат дека таа сака да се облекува во секси костими.

Бритни Спирс

britni

Собарките на Бритни Спирс велат дека таа во ормарот покрај креветот чува голем број секси играчки, како и дека е многу неуредна. Често на нејзиниот кревет можат да се најдат полуизедени бургери.

Мајли Сајрус

majli

Шокантната млада ѕвезда е позната по својата љубов кон домашните миленици, но изгледа дека таа не сака да ги дресира. Послугата вели дека кучињата на Мајли никогаш не научиле да вршат нужда надвор од куќата, па постојано мораат да чистат по нив.