Француските власти прават се што можат за да ги спречат терористичките напади, но ќе има уште, изјави денес премиерот на Франција Емануел Валс.
Во Франција каде сеуште е на сила вонредната состојба по терористичките напади во Париз во ноември 2015-тата година, вчера радикален исламист во предградие на Париз уби брачна двојка, полицаец и неговата сопруга.
Како што пренесува Ројтерс, Валс истакнува дека француските разузнавачки и полициски сили спречиле 15 терористички напади од 2013-тата година и дека преземаат постојани напори за следење на потенцијалните терористи.
Мораме да ја затегнеме мрежата и да им ги дадеме на полицијата и на разузнавачките служби сите средства што им се потребни, но дека и покрај тоа ќе има уште напади, предупредува Валс во интервју за радио станицата „Франс Интер“ и додава: „Ќе страдаат уште невини луѓе“.