На Европската унија и се заканува опасност од распад и неуспех, предупреди денеска францускиот премиер Мануел Валс за време на посетата на Берлин.
Валс нагласи дека на европските проекти им се потребни нови основи со сила, која би ја покажале Германија и Франција.
Тој порача дека Франција мора да продолжи со реформите и оти и се потребни германски инвестиции.