
Поради вонредната ситуација и социјалното незадоволство, француските министри и државни секретари ќе бидат постојано под полициска заштита, јавува дописникот на МИА од Париз.
– Вие не сте министри само од понеделник до петок, туку цело време, сметајќи ги и викендите, така Мануел Валс нагласил на последниот состанок на владата во четвртокот, нагласувајќи дека безбедноста на министрите не е опција, туку обврска.
Службата на премерот ги брифираше новите десет членови на владата за безбедносните мерки и забраната да изглегуваат без придружба од обезбедување.