Актуелниот предводник на шпанскиот прволигаш Атлетик (Б), Ернесто Валверде, експресно и без размислување ја одбил уникатната понуда во новата клупска сезона да биде тренер на каталонскиот гигат Барселона.
Фудбалските медиуми во Шпанија открија дека младиот шпански стручњак ја одбил богатата понуда на Барселона со образложени дека му е убаво во Билбао, дека не сака да работи под голем притисок и дека сака со неговиот клуб да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
Веднаш по „корпата” која ја добија од Валверде, челниците на Барса своето внимание го насочија кон актуелниот тренер на Селта од Виго, Луис Енрике кој позитивно одговорил на прашањето дали сака да биде наследник на Херардо Тата Мартино.