Ван ден Берг за протестот: Куќата од карти на Заев сега се тресе врз темелите

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, со коментар за масовноста на протестот без партиски обележја за слобода на уставобранителите и за демократија во Македонија.

„Се отвори македонската Пандорина кутија: незадоволни луѓе кои го изразуваат својот глас, без вклучени партиски структури/симболи. Додека луѓето ги почитуваат мерките за корона, тие протестираат против македонската влада; нејзината корона политика, недостиг од правда итн. Куќата од карти на Заев сега се тресе врз темелите“, коментира Ван ден Берг на Твитер.