Ван дер Варт: Англија е ср..е од репрезентација

Некогашниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт остро ја критикуваше Англиа откако ја победи Холандија со 2:1 и се пласира во финалето на ЕУРО 2024.

„Англија ср..е од тим. Имаат врвни играчи, но играат толку лошо, како ништо да не можат“, изјави Ван дер Варт за Англија, но ја критикуваше и репрезентацијата за која одигра 109 натпревари: „Ниту ние не покажавме многу. Моравме да направиме повеќе.Тие имаат толку многу квалитет во тимот и покрај тоа не ги мрдаат газовите од својата половина. Тоа е тажно“.