Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал даде интересен одговор на прашањето дали е доволно квалитетен и доволно стар за да биде менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.
„Премногу сум млад и не сум доволно искусен за да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед? Одговорот на ова прашање ќе го најдете во моето ЦВ. Таму се пишува, колку сум стар и кои клубови сум ги тренирал во мојата кариера”, изјави Ван Гал.
Англиските медиуми и понатаму се убедени дека поранешниот предводник на Ајакс, Барселона и Баерн (М) на стартот од летниот преоден рок ќе биде именуван за нов предводник на “црвените ѓаволи”, а понудениот 4-годишен договор му гарантира годишна заработувачка од 6 мил. евра.