Ван Гог си го отсекол левото уво на денешен ден

Брилијантниот, но проблематичен холандски импресионистички сликар, Винсент ван Гог, на денешен ден во 1888 година си го отсекол левото уво по „жестока расправија“ со колегата Пол Гоген во Арл, јужна Франција.

Овој тогаш 35-годишен уметник, како што вели приказната, (не)славно ѝ го подарил крвавиот „отсечок“ на своја познаничка пред јавна куќа. Таа потоа се онесвестила од шокот.

Неславниот чин на самоосакатување сè уште го прогонува, но и фасцинира уметничкиот свет, како и луѓето воопшто.

Иако продаде само една слика во својот живот, Ван Гог денес е еден од најпрославените уметници на сите времиња.