![berna-van-hol](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/berna-van-hol.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Сопственичката на компанијата „Ван Хол“, Бернадете Ван Хол вели дека се презадоволни од условите за работа во Македонија, како и од соработката со македонската Влада.
Таа вели дека моментално во Македонија имаат вработено 450 лица, а целта е таа бројка да се зголемува.
„Веќе сме активни, веќе ги произведуваме првите автобуси во Македонија. Околу 90 автобуси од Македонија заминаа за САД. Во фабриката моментално се вработени 450 луѓе, а целта ни е да растеме. Сакаме да направиме европски производ, кој ќе се продава во Европа, да вработиме повеќе луѓе и да најдеме добавувачи со кои би склучиле договор.Презадоволни сме и изненадени од Македонија. Јас сум од Белгија, која е исто така мала земја, како и Македонија. Презадоволни сме од соработката со Владата“, вели Бернадете Ван Хол.
Таа посочи дека исто така се задоволни и од соработката со луѓето, од нивниот пријателски дух, знаењето, техничкото знаење. Ван Хол во Македонија отвори фабрика во октомври 2012 година.