Репрезентативецот на Холандија, Робин ван Перси е првиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој застана во обрана на Дејвид Мојс, кој пак е посочен како главен виновник за срамниот пораз кој “црвените ѓаволи” го доживеаа на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони.
“Мојс како главен виновник за поразот во Грција? Не е така. Јас добро знам колку напорно работи нашиот менаџер, знам дека го дава максимумот. И ние го даваме максимумот на секој натпревар. Одигравме неколку добри натпревари во актуелната сезона, но не играме на потребното ниво на секој натпревар. Исто така, и среќата не е на нашата страна. Лесно е со прст да се покаже кон одредена личност, кај таа личност да се најде вината за лошиот резултат, но јас нема да покажам со прст, нема да покажам кон Мојс. Сите сме свесни, знаеме дека мораме да одиграме подобро на следните првенствени натпревари и на реванш дуелот на “Олд Трафорд”, изјави Ван Перси