По доаѓањето во турскиот гигант, Ван Перси остана закован на клупата и добива само повремена минутажа во вториот дел од натпреварите, додека Бразилецот Фернандао е неприкосновен во нападот на Фенербахче.
Сето ова лошо влијаеше на неговата психа, поради која холандскиот ас нема желба да одржи ни тренинг како што треба, не пак да даде се од себе за време на натпреварите.