Денескa беше вaндaлизирaн штандот на „Млaди зa Мaкедoнијa“ и кaмпaњaтa „Бoјкoтирaм“ во Охрид.
Во раните утрински часови , штандот што “Млади за Македонија” го поставиви во Охрид за кампањата “Бојкотирам” беше уништен а рекламни материјали на кампањата украдени. Злосторниците се уште не се идентификувани, но „Млади за Македонија“ ги превземат сите можни мерки кои би овозможиле идентификување на сторителите и нивното соодветно судско казнување. Исто така ги повикуваат органите да почнат да ја вршат својата работа а не да остануваат слепи поддржувачи на насилството во земјата, велат од оваа организација.
Според нив, рушењето на штандот претставува нечесен, антидемократски обид, со примена на фашистички методи да се замолкне младината во нивниот обид да ја заштити својата татковина.
Овој чин претставува директен обид да се наштети не само финансиски на организацијата која се финансира за сметка на доброволни прилози од нејзините членови, туки и директна акана до младите кон нивниот физички интегритет и со цел да се исплашат. Деновиве беше најавено дека пратениците и пратеничките групи ќе имаат право на повластени термини и ценовници за рекламирање за време на “Северниот” референдум на 30 септември. Сите останати – партии, граѓани и граѓански организации (како “Млади за Македонија”), ќе можат да се рекламираат, но во терминините кои нема да бидат искористени од парламентот и по комерцијалните цени. На тој начин се прави обид да не замолкнат преку оневозможување за рекламирање на незаконски и неуставен начин. Вчера започнаа со дискриминација во рекламирањето, денеска е штандот, утре нас ќе сакаат да не нападнат. Но ние не се плашиме и ќе одиме до крај. Ова уште повеќе не поттикнува да ја продолжиме борбата за татковината. До Победа!, велат од „Млади за Македонија“