Покојниот Индро Монтанели се смета за најголемиот италијански новинар во XX век, но споменикот подигнат во негова чест во Милано е полиен со боја и ишаран со графити, бидејќи наводно во младуста бил „свиреп колонизатор“.
Монтанели, важаше за тврдокорен конзервативец кој во подоцнежните години стана гласен критичар на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, роден е во 1909 а почина во 2001 година. Неговиот споменик е поставен во 2006 година во паркот каде што во 1977 година го преживеа атентатот на крајно левите терористи. Беше и писател и историчар, а најголемиот дел од кариерата во миланскиот дневен весник Corriere
Во триесеттите години од минатиот век, како млад офицер во италијанската армија во текот на освојувањето на Абисинија, денешните Етиопија и Еритреја, тогаш 26-годишниот Монтанели „купил“ девојка на 12 или 14-годишна возраст за да се ожени со неа. Дури и на постара возраст на ова прашање одговараше дека во тоа немало ништо лошо, бидејќи било во согласноста со локалните обичаи. Неговите критичари потсетуваат на интервјуто од 1982 година во кое се потсетил на таа девојка велејќи дека била „питомо животинче“.
Монтанели уште во 1938 година се разочарал од фашистичката идеологија, а во текот на Втората светска војна дури минал извесно време во германски затвор поради статија која го „клеветела режимот“. Постојат докази дека на самиот почеток од војната, новинарот се сретнал со Адолф Хитлер.
Споменикот е полиен во текот на викендот со црвена боја и на него е испишано „расист, силувач“. Левичарската студентска група Rete Studenti Milano (RSM), ја презема одговорноста во видео снимка објавена во неделата на социјалните мрежи.
„Повикуваме, гласно и со убедување, оваа скулптура да се отстрани“, објави RSM на Facebook, оценувајќи дека Монтанели бил „колонизарот кому ропството му било важен дел од неговата политичка активност и кој не може и не смее да се велича на јавен плоштад“.
Градоначалникот на Милано, Бепе Сала и неколку влијателни новинари ја отфрлија можноста скулптурата да биде отстранета. Сала рече дека тоа што Монтанел не се кае е „збунувачко“, но и го поздрави како голем промотер на независното новинарство и слободата на медиумите.
Весникот Corriere, во врска со сквернавењето на споменикот, напиша дека зад тоа „се чувствуваат ветриштата на тупавото американско соперништво“, алудирајќи на бранот антирасистички протести кои ги зафатија САД откако на 25-ти мај бел полицаец го усмрти афроамериканецот Џорџ Флојд, кои се претворија и во пресметка со спомениците кои го симболизираат колонијализмот и робовладетелството.