Вандализирана статуа во чест на укинувањето на ропството во Франција

Непознати лица ја бојадисале статуата поставена во чест на укинувањето на ропството во југозападниот француски град По, пренесува локалниот портал Republique des Pyrenees.

Инцидентот се случил во четвртокот. Како резултат на хилиганскиот хир, бистата и постаментот бистата и постаментот биле облиени со бела боја. Локалните власти соопштија дека поднеле тужба против непознат сторител.

Конзервата со бојата е пронајдена на десетина метри од споменикот. На пакувањето било напишано „White lives matter“ (Белите животи се важни), по аналогија на слоганот „Black lives matter“ кој го користат демонстрантите против расизмот и полициската бриталност врз црната заедница во САД кои се проширија и на други земји во светот.

Протестите резултураа со уривање и отстранување на споменични обележја кои според демонстрантите го симболизираат робовладетелството и колонијализмот во САД, па дури и со уривање на спомениците на морепловецот Кристофер Колумбо, кој е прифатен како откривач на Америка.

Движењето кое ги напаѓа симболите кои ги поврзува со американското робовладетелско и расистичко минато ги зафати и другите земји во западна Европа, во прв ред Велика Британија и Белгија, каде последните денови цели се спомениците кои претставуваат личности од периодот на колонијализмот.