Саботирајќи ја волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија, белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, преку социјалните мрежи порача дека во Македонија нема да се случат избори на 24 април, пишува Курир.
Порталот пишува дека наспроти ваквиот став на Ванхауте, кој се поочигледно е дека одработува нечија агенда, мнозинството граѓани сакаат да се случат избори на договорениот термин потпишан од сите политички партии, и одржувањето на избори на 24 април го сметаат за излез од политичката криза во која Македонија се наоѓа речиси една година.
Имено, последните резултати од анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење Брима Галуп покажуват дека високи 42 проценти од граѓаните сметаат дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април ќе доведат до излез од политичката криза. Двојно помалку односно 19.6% сметаат дека изборите на 24 април ќе доведат до продлабочување на политичката криза.
Резултатите од истата анкета говорат и дека огромното мнозинство на граѓани ќе излезат и ќе го дадат својот глас на изборите закажани за 24 април и доколку СДСМ не учествува. Во бројки, според резултатите, 60,5 проценти ќе излезат на избори, додека само 25,9 проценти нема да го остврат своето гласачко право доколку на предвремените парламентарни избори не учествува опозициската СДСМ.
И покрај ваквите високи резултати и волјата на граѓаните да се оди на избори за да се надмине и да заврши политичката криза, белгискиот олеснувач вели дека избори нема да има. Голем број политички аналитичари од земјава во изминатиот период предупредуваа дека неодржувањето на избори на одредениот датумот, може да предизивика само поголема криза и да ја вовлече Македонија во економски и безбедносни ризици. Голем дел од аналитичарите сметаат дека одложување на изборите е цел и интерес на странски структрури кои сакаат да ја разнишаат стабилноста на Македонија за ним познати интереси.
Медиумите пред неколку дена пишуваа дека белгискиот олеснувач во преговорите Ванхауте остварил средба со доскорешниот прв човек на Сорос, Владимир Милчин, на која присуствувал и иден член на соросовите ќерки-организации кои се борат против „режимот“ во Македонија. Добро упатени избори, како што пренесоа медиумите, велат дека на средбата на ванхауте му било посочувано дека „мора да продолжи до притисокот“.
Средбата не ја негираа ниту Милчин, ниту Ванхауте. Напротив двајцата со речиси идентични зборови одговорија на прашањата на новинарите.
-Нема да коментирам, тоа беше приватна средба, јас сум слободен граѓанин, дури и во ова држава имам право да правам што сакам, изјавил Ванхауте.
-Средбата беше приватна и нема никаква врска со фондацијата. И, да го цитирам Ванхауте, и јас во оваа држава имам право на приватност и на пиење кафе со луѓе чие мислење ме интересира. И немам намера да барам дозвола за тоа ни од Груевски ни од неговите куртони. Отрпнав веќе на прислушувањето и клеветењето. Носете се, бре, гнаси, напиша Милчин.
Ваквата средба не е изненадувачка, а на поврзаноста и вмешаноста на СОРОС во тоа што се договара се укажува од поодамна. СОРОС е тесно поврзан со активностите на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.
Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот државен врв.