Цената на ванилата во изминативе две години силно пораснале, така што оваа слатка состојка во многу производи сега е поскапа од среброто, ББЦ. За килограм ванила сега треба да се одвојат околу 600 американски долари, што е повеќе од еден килограм сребро.
Најголемиот дел од ванилата, повеќе од 75 проценти, се одгледува на тропски остров Мадагаскар, на југоисточниот брег на Африка.
Главната причина за високата цена е циклонот кој во март минатата година го погоди Мадагаскар и уништи многу насади. И покрај надежите дека растот на цената ќе стивне, тие и понатаму се држат на високо ниво, бидејќи побарувачката е толку голема”, вели Џулијан Гејл, аналитичар на суровини во компанијата IEG Vu.
Ванилата е зачин кој е тешко да се произведе, таа е плод на орхидејата „алпинист“ и се наоѓа во нејзините мешунки. Затоа ванилата е втор најскап зачин во светот, зад шафранот.
Други поголеми производители се Папуа Нова Гвинеја, Индија и Уганда. Се извезува низ целиот свет, а голем дел оди во САД со оглед на тамошната голема индустрија за сладолед , додава аналитичарот Гејл.
Освен во сладоледот, ванилата е популарна во разни колачи, алкохолни пијалоци, како и во козметиката и парфемите.
Природниот екстракт од ванила е силен ликер со кафеава боја и интензивна арома. Производителите на храна, исто така, купуваат ванила во прав добиена со мелење на мешунките претходно користени за извлекување на екстрактот. И неговата цена тројно зголемена.
Синтетичката арома наречен ванилин се добива од дрво, а понекогаш и од нафта, и се очекува дека сега би можела да се користи во многу индустрии кои ќе се обидат да го избегнат силното зголемување на трошоците, пишува ББЦ.
Најмалку еден британски произведувач на сладолед поради високите цени престана да нуди ванила. Џули Фишер, која пред седум години го покрена синџирот слаткарници „Ruby Violet“, рече дека ванила во блиска иднина нема да има на менито во негојзините продавници во Лондон зашто не можат да си дозволи илјадници британски фунти колку би ги чинила ванилата.