Ванковска: Koлозова лаже дека „Професорски пленум“ барал поддршка од СДСМ

Професорката Катерина Колозова вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за нејзиното учество во „Шарената револуција“ . Таа во еден момент го спомена и „Професорскиот пленум“ кој беше составен од група професори кој се спротистави на образовните реформи на тогашниот премиер Никола Груевски.

Колозова рече дека барале поддршка и од СДСМ, на што реагира професорката Билјана Ванковска која вели дека нејзината колешка лаже или шурувала зад грбот на Професоркиот пленум.