Ванковска: Срамота! На Македонија ќе и’ се смее цел свет!

(ФБ статус на Билјана Ванковска)

Ликот на македонскиот терорист: уметник од светски ранг, голорак, пеел химна, со што го загрозил уставниот поредок и внел ужас и страв/терор! Ова треба да го патентираме: сите терористи на Балканов вооружени, македонскиве голораки ама опасни! Да биде иронијата поголема Дурловски тукушто се врати од прекуокеанско патување, а овие морони го ставаат во притвор седум месеци по чинот!!! Зошто? Ќе им побегне? Ќе им се заканува на сведоците? Или можеби ќе го пивтори делото? СРАМОТА! На Македонија ќе и’ се смее цел свет!