ВАР судијата кој го потврди контроверзниот пенал над Стерлинг: Ништо не можев да направам

Пол Ван Боекел, ВАР судијата од натпреварот Англија и Данска, во холандските медиуми се огласи по повод контроверзно досудениот пенал над Рахим Стерлинг. Да потсетиме, главните судија Дани Макели во продолженијата во 104-тата минута досуди пенал, кој му помогне на Хери Кејн да ја одведе Англија во финалето.

„Често се запрашувам што би се случено да не интервенирав. Ги разбирам критиките, но не на моја сметка. Грешката на Макели не беше очигледна, ништо не можев да направам. Мислам дека пеналот е престрого досуден, но во таква ситуација морам да го поддржам судијата. Таков е ВАР протколот“– изјавил Ван Боекел.

Пол Ван Боекел е судија на листата на ФИФА од 2008 година, а во холандската лига почнал да суди една година порано.