ВАР технологија на пет натпревари викендов во Премиер лигата

Како што претходно беше најавено, Видео системот за асистенција на судиите  (ВАР) ќе биде тестиран во сабота во пет натпревари во англиската Премиер лига. Како функционира ВАР  на повеќе натпревари, кои започнуваат во исто време, ќе биде проверено на мечевите „Бурнемут“- „Лестер“, „Челзи“ -„Кардиф“, „Хадерсфилд“ – „Кристал Палас“, „Манчестер Сити“ – „Фулам“ и „Њукасл“ – „Арсенал“.

Видео технологијата за асистентција, која им помага на арбитрите при донесувањето на најважните одлуки во играта беше воведен во многу лиги и натпревари во изминатата година, а големи контроверзи предизвика на Светското првенство во Русија.

За разлика од ВАР кој се користеше на Мундијалот, судиите во Англија нема да бидат во контакт со остатокот од тимот кој го следи мечот на монитори. ВАР ќе ги анализира состојбата при пенали, директни црвени картони, голови и во случај на грешка на идентитетот на играчи.

Премиерлигашите во април гласаа против воведувањето на ВАР систем во сезоната 2018/19, но ќе се користи како и минатата година на стадионите, каде што има услови во ФА Купот и Лига Купот.