Варан не се замара со понудата на Челзи

Францускиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион, Реал (М), Рафаел Варане, откри дека моментално не се замара со информацијата дека за неговите услуги голем интерес има покажано сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович.

„Моментално, јас не се замарам со информацијата дека сопственикот на Челзи е сериозно заинтересиран за моите услуги. Јас целосно сум фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил. Франција има млад тим, доволно мотивиран, тим кој нема лимит и тим кој може да забележи одличен резултат. Уживам кога играм за репрезентацијата на Франција, ќе дадам се од себе, а имам една зацртана цел, да имам статус на стандарден првотимец. Често разговарам со Зинедин Зидан, кој добро знае какво е чуството да се биде светски шампион”, изјави централниот дефанзивец.