Варан останува “крал” до 2020 година

Младиот француски дефанзивец Рафаел Варан потпиша нов договор со Реал Мадрид, со кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2020 година. Французинот кој дојде во „кралскиот клуб“ откако беше скаутиран од Зинедин Зидан покажа завиден квалитет, па иако имаше проблеми со повредите, јасно е дека раководството на клубот во него гледа светла перспектива. Оттаму и понудата за продолжување на договорот за долг период.

„Неверојатна гордост е да се биде член на Реал Мадрид. Среќен сум што потпишав нов договор и што ќе останам на „Сантијаго Бернабеу“ уште долги години. Се надевам дека ќе бидат исполнети со многу успеси и освоени трофеи“, изјави Рафаел Варан.