![vardar brka tri od tri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/vardar-brka-tri-od-tri.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар, денеска ќе обиде да запише уште една победа, трета во низа, а најнова жртва на „црвено-црната” експедиција би требало да биде секогаш незгодниот тим на Ренова.
Најзаслужниот за одличните резултати во изминатиот период, малдиот игра за врска, Јасир Асани, кој е вистински хит во пролетниот дел од актуслната сезона, пред натпреварот изјави дека Варда иде на победа и дека само така може да биде крунисана напорната работа во изминатите седум дена.
„Одиме на победа, работевме напорно оваа недела, спремни сме за предизвикот и ќе го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода“, изјави Јасир Асани.
Триумф на националната арена „Филип Втори” најави и дефанзивецот Стојан Стојчевски.
„Знаеме дека Ренова го доби Пелистер и дека ќе бидат уште помотивирани против нас, но ние веруваме во себе и во нашите сили, максимално сме концентрирани, победата е единственото нешто што не интересира”, изјави Стојчевски.