![rk vardar 4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/rk-vardar-4.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Денеска Вардар 1961 игра многу важен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 20.45 часот во 12 коло од групата „А“ во Лигата на шампионите против ППД Загреб од Хрватска.
Македонскиот шампион пред своите навивачи ќе оди на победа за да остане во трка за една од позициите кои водат во осминафиналето.
Тренерот на „црвено-црните“, Давид Дејвис ќе може да смета и на услугите на новото засилување, средниот бек Стефан Додиќ кој дојде од редовите на Охрид. Поради повреди нема да настапат Мартин Карапалевски и Анте Гаџа.
Судии на мечот ќе бидат Влацлав Хорачек и Јири Новотни, и двајцата од Чешка.
Составот на Вардар 1961 за денешниот дуел против ППД Загреб:
– Ристовски, Стоилов, О. Њокас, Валчак, Куни Моралес, Георгиевски, К. Њокас, Томовски, Диало, Чувара, Тото, Талески, Дибиров, Крстевски, Додиќ, Ѓукиќ.
Клубот ги информира љубителите на ракометот кои не набавиле билети, а тоа може да го направат онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на средбата, односно од 18.30 до 20.30 часот.
Лига на шампиони (сезона 2021/2022)
Група „А“, 12. коло, двојки –
Денеска
20.45 часот Алборг – Елверум
20.45 часот Кил – Монпелје
20.45 часот Вардар 1961 – ППД Загреб
Утре
20.45 часот Пик Сегед – Мешков Брест
Табела:
1. Алборг 16 бодови
2. Монпелје 16
3. Кил 15
4. Пик Сегед 14
5. Елверум 8
6. ППД Загреб 8
7. Вардар 1961 7
8. Мешков Брест 4