Уште еден срамен пораз, но сега на домашен терен и од одличниот тим на шкендија, доживеа актуелниот шампион на Македонија, Вардар.
Како и во претходните два натпревари, така и во последниот, од 23. коло во македонската Прва фудбалска лига, избраниците на рускиот стручњак, Сегеј Андреев, одиграа очајно во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено доживеаа уште еден неочекуван пораз кој е јасен сигнал дека нешто не функционира како што треба во „црвено-црниот” табор.
Шкендија дојде во водство со погодокот на бугарскиот интернационалец Милев во 23 минута, а во 69 минута, на 1:1 израмни Филип Петров.
Погодокот вреден три бода, постигнат во 73 минута, беше дело на бразилскиот интернационалец Жуниор.
Резултати: Хоризонт – Еуромилк ГЛ 2:0, Металург – Напредок 2:0, Ренова – Гостивар 0:1, Пелистер – Македонија ЃП 2:1, Вардар – Шкендија 1:2.
ТАБЕЛА: Х.Турново 41, Работнички 41, Пелистер 41, Вардар 38, Металург 37, Ренова 31, Еуромилк ГЛ 30, Шкендија 30, Брегалница 29, Македонија ЃП 22, Напредок 14, Гостивар 14.