Вардар го победи и Татран

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар забележа нова победа во регионалната СЕХА-лига и на гостувањето кај Татран Прешов дојде до убедлив триумф (22-29), трет за „црвено-црните“ во регионалното натпреварување.

Првиот дел делуваше изедначен, но во вториот дел Вардар експлодира, го покажа најдоброто и запиша убедлива победа. Во првото полувреме претежно се играше гол за гол, а на паузата резултатот гласеше 8-10 за Вардар.

Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет гола, додека Горбок и Шишкарев завршија со по четири погодока, а голем удел во победата има голманот Кугис со 14 одбрани. Кај Татран, Рабек беше најефикасен со шест гола.

Следен дуел за Вардар во СЕХА-лигата ќе биде на домашен терен, против српскиот претставник Војводина (6 ноември).