Македонскиот и европски ракометен првак Вардар забележа нова победа во СЕХА-лигата и на домашен терен славеше во против Нексе Нашице (27-25) кој се играше во рамки на третото коло од регионалното натпреварување.
Гостинот од Хрватска го мачеше Вардар четириесетина минути, а потоа „црвено-црните“ почнаа да играат во свој препознатлив стил и го решија противникот кој не знае за победа во Скопје. Досега, Вардар и Нексе имаат одиграно девет меча во Македонија, а сите девет завршија со триумф на македонскиот првак. За Вардар ова беше втора победа во новата сезона од СЕХА.
Најдобар во триумфот беше Тимур Дибиров со девет гола, го следеше Дисингер со шест, додека Кристопанс реализираше три пати, а одличен беше голманот Калифа Гедбан со вкупно 14 одбрани. Кај Нексе, Милета и Думенчиќ имаа по четири погодока.
Вардар сега го чека предизвик во ЛШ затоа што гостува во Украина кај Мотор Запорожје, додека во СЕХА, следниот дуел е на 1 октомври, кај Татран Прешов во Словачка.
Фото: 24Ракомет.мк