Фудбалерите на скопски Вардар триумфираа попладнево во градското дерби против Работнички (1-0) во еден шесте дуели во рамки на 11. коло со кое денеска, по двонеделната репрезентативна пауза, продолжија натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Лидерот Шкендија одигра нерешено 1:1 против Брера Струмица во Тетово, додека Шкупи поради реновирањето на теренот во Чаир ја пречека Брегалница во Куманово и победи со минимални 1:0.
Шампионот Струга ТЛ ги освои бодовите на гостувањето против Македонија ЃП со убедливи 3:0, додека Силекс го совлада Тиквеш со 1:0, а Гостивар и Воска ремизираа одигрувајќи 1:1.
ПМФЛ – 11. Коло: резултати
Работнички – Вардар 0:1
Шкендија – Брера 1:1
Македонија ЃП – Струга ТЛ 0:3
Шкупи – Брегалница 1:0
Силекс – Тиквеш 1:0
Гостивар – Воска 1:1
Табела:
Шкендија 24
Шкупи 22
Струга 21
Силекс 19
Брера Струмица 15
Тиквеш 14
Работнички 13
Брегалница 13
Македонија ЃП 11
Воска 11
Гостивар 11
Вардар 8.