Aктуелен освојувач на Купот и на СЕХА лигата, Вардар со победа го започна настапот на традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга.
Вардарци во првото коло го совладаа рускиот вицешампион Санкт Петербург со убедливи 35:22 (16:13).
Ова беше прв натпревар на Вардар во новата натпреварувачка сезона и деби на новите засилувања Арпад Штербик, Блаженко Лацковиќ и Сергеј Гробок, кои покажаа дека „црвено-црните“ во сезоната што следува ќе бидат сериозен тим, со високи амбиции.
Најефикасен во таборот на Вардар беше Дибиров со 7 погодоци, Карачиќ имаше 6, додека Прибак запиша 5. Голманот Штербик забележа 9 успешни интервенции.
Вардар денеска го игра вториот натпревар на турнирот против екипата на Металопластика. Овој меч стартува од 19.00 часот.