Ракометарите на Вардар, на едно коло до крајот на регуларниот дел од СЕХА лигата, го потврдија учеството на завршниот турнир. Македонскиот шампион го совлада Борац во Бања Лука со 26:20.
Со оваа победа „црвено – црните” го искористија ремито на Брест Мешков со Нексе (29:29) и ја презедоа третата позиција на табелата.
Тимур Дибиров со 9 голови и Петар Ангелов со 16 одбрани го предводеа Вардар до победата над аутсајдерот.
Во последното коло Вардар ќе го пречека Загреб, натпреварот ќе се одигра в сабота од 17,45 часот во СРЦ „Кале”.