Ракометарите на македонскиот првак Вардар во саботата во Келн го совладаа деветкратиот европски шампион Брселона, и се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат со Пари Сен Жермен.
Со оваа победа извојувана во последните секунди од натпреварт над Барселона (26:25), Вардар е можеби единствениот клуб во Европа чиишто и машка и женска екипа играат за титулата и врвот на континентот во иста сезона.
Вардар во Келн, по воведните неколку минути, додека неговите играчи беа под импресијата на историскиот пласман на „фајнал-фор“ турнирот и водството на Барселона во еден момент од три голови , во 13 минута од 8:5, се соземаа и како што одминувањеше текот на мечот во првотп полувреме, беа подобриот потивник и првиот дел го решија во своја полза со гол предност со 13:12.
Во првиот дел се играше гол за гол, Барселона ја имаше на неколку наврати предност со два гола, што покажува само колку беше ова изедначено полувреме. Но со добрата игра, и неколкуте одбрани на Арпад Штербик и головите на расположениот Вуко Борозан, Вардар по првите 30 минути замина со гол предност.
И вториот дел Вардар го започна со техничка грешка пропуштајќи уште во првиот напад да се одлепи на два гола предност, но за кусо водство беше достогнато таквото водство. Сепак, силната и искусна Барселона не дозволи македонскиот шампион да се одлепи на поголема предност. Но во игра Вардар постојано го држеше неверојатниот Штербик, кој имаше неколку прекрасни одбрани.
Последните три минути од натпреварот беа вистинска инфаркт завршница. Во 57 минута Лука Циндриќ постигна гол од пенал за предност од Вардар, но македонскиот бомбардер редовите на Каталонците, Кирил Лазаров, веднаш возврати за изедначување на сто секунди до крајот.
Во следниот напад, храбриот Циндриќ повторно носи водство за Вардар, а во последните 60 секунди, Пасквал повика на тајм аут, и успеа да им купи време на своите ракометари. Лазаров погоди за Барселона за 25:25.
По овој гол на Лазаров останаа уште 17 секунди, а Раул Гонзалез повика тајм-аут. Беше договорена акцијата која ќе се игра и побара да не се чека до крајот. Го остави и Штербик на голот, а Лука Циндриќ го имаше шутот за победа со што го донесе историското финале за Вардар и победата од 26:25 против Барселона.
Иван Чупиќ и Алекс Душејбаев со седум голови беа најефикасни во редовите на Вардар, а Циндриќ постигна четири од кои последните три на натпреварот. Кај Барселона Лазаров беше водечки стрелец со шест голови, а Влаеро Ривера постигна четири.
Утрешното финале меѓу Вардар и ПСЖ е со почеток од 18 часот.