Вардар и Еурофарм Пелистер носители на групите за новата ракометна сезона

Во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево со жрепка беа одредени групите за новата сезона во машката Суперлига.

Актуелниот шампион Вардар 1961 е во групата А, додека вицешампионот Еурофарм Пелистер е носител во групата Б.

Ракометната Суперлига во сезоната 2022/23 ќе ја сочинуваат 16 екипи поделени во две групи. Стартот е најавен за септември, а првопласираните четири екипи од секоја група ќе се пласираат во плеј-оф натпреварувањето, додека тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аутот.

Група А: Вардар 1961, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово.

Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор КВ, Скопје.