Вардар и Мешков Брест ќе играат за титулата во СЕХА лига

Македонскиот ракометен шампион Вардар и Белорускиот Брест Мешков ќе ги одмерат силите во утрешното финале од 18,30 часот во СЕХА лига. Белорусите многу тешко стигнаа до финалето на завршниот турнир во Нови Сад, откако по изведување на пенали славеа над Татран Прешов 31:30 (26:26).

Дилемите беа решени дури по седмата серија од пенал-рулетот, откако Белорусите беа успешни преку Камишик, а потоа Пешиќ го одбрани пеналот на Урбан, со што се означи и почетокот на големото славје на ракометарите на Брест.