Македонските фудбалски клубови Вардар и Шкендија ги добија противниците во плејофот од Лига Европа.
Ждрепката за плејофот од Лига Европа се одржа во петокот во седиштето на УЕФА.
Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе игра против турски Фенербахче. Шкендија доби супер атрактивен противник, па така најзвучното име во Лига Европа доаѓа во Скопје, односно екипата на Милан.
Првиот натпревар се игра на 17 август, додека реваншот е на 24 август
Првите натпревари ќе се одиграат на 17 август, а реваншот е седум дена подоцна.