Вардар и Шкендија ќе се борат меѓусебно за влез во полуфиналето од Купот на Македонија

Шкендија - Вардар е најинтересниот дуел во четвртфиналето од Купот на Македонија

Во битката за најдобрите четири во најмасовното домашно клупско натпреварување, интересен се очекува да биде и дуелот меѓу Работнички и Силекс.

Првите натпревари се играат на 25-ти ноември, а реваншите се закажани за 2-ри декември со почеток од 13 часот.

Куп на Македонија – ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Шкендија – Вардар

Работнички – Силекс

Младост ЦД – Брегалница

Македонија ЃП – Хоризонт Турново