Вардар и Шкендија со комбинирани состави во Купот пред меѓусебната пресметка викендов

Вардар и Шкендија со комбинирани состави пред меѓусебната пресметка викендов

Вардар и Шкендија со солидна предност од првите мечеви патуваат на гостувањата против Пелистер (4:1) и Металург (2:0), па за очекување е тренерите Седлоски и Дуро да тактизираат со составите, особено ако се знае дека претстојниот викенд ги очекува меѓусебна пресметка која е многу значајна во битката за титулата.

Работнички својата работа ја заврши уште на првиот натпревар во Гостивар, каде славеше над истоимената екипа со 4:0, па “романтичарите” попладнево ги очекува само еден полесен тренинг на кој ќе го запечатат пласманот во четвртфиналето.

Интересно ќе биде да се види дали Ренова ќе успее да ја надополни негативата од 1:2 по поразот на домашен терен од Силекс, но и дали Шкупи ќе успее да се врати по два гола негатива против Брегалница.

Двојки за осминафинале (14.30ч)

Пелистер – Вардар (1:4)

Металург – Шкендија (0:2)

Љубанци – Македонија ЃП (2:3)

Младост ЦД – Влазрими (4:2)

Работнички – Гостивар (4:0)

Силекс – Ренова (2:1)

Скопје – Хор. Турново (1:3)

Шкупи – Брегалница (0:2)

Во заградите за забележани резултатите од првите натпревари.