Вардар има шанса за второ место во групата

Македонскиот ракометен шампион Вардар, со пласманот во осминагиналето го направи најголемиот успех во Лигата на шампионите. Мечот со Динамо Минск беше вистински пример како треба да се одигра кога е најтешко. Беше потребна победа со три голови разлика а „црвено-црните“ остварија многу повисока (30:22),

До крајот на групната фаза преостануваат уште два натпревари, во кои влегуваат растоварени од пласманот во наредната рунда, но со цел уште повеќе да ја унапредат играта, и да се искачат чекор или два повисоко на табелата.

За остварување на оваа цел неопходни се две победи, и тоа прво против Вакер Тун во недела на домашен терен. Доколку се оствари тоа, тогаш последниот настап во групата против ПСЖ во Париз, може да значи директна пресметка за втората позиција во “Ц“ групта од најквалитетното клупско натпреварување.

Покрај победничкиот финиш на вардарци, треба во прилог да одат и резултатите на двата конкуренти за втортото место, Металург и ПСЖ. Ривалот од Автокоманда засега има бод предност, но има гостување во Минск, а потоа и тежок ривал во Скопје, кога се домаќини на Барселона. Парижани викендов ќе патуваат во Барселона, а во последното коло го пречекуваат македонскиот шампион.

Вардар моменто е на четвртата позиција на табелата во Ц – група со 8 бодови, еден помалку од Металург, додека ПСЖ е на втората позиција со 11 бодови, а без конкуренџија на лидерското место е Барселона со 15 бодови.