Вардар како двократен европски шампион и следната сезона ќе има гарантирано место во ракометната Лига на шампиони.
Освен Вардар, во тоа почесно друштво има уште 9 тимови кои имаат загарантирано место, ППД Загреб, Алборг, ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Кјелце, Порто и Фленсбург.
Останатите 6 места во ЛШ ќе бидат пополнети со доделување на посебни дозволи, односно вајлд карти за учество во ова натпреварување.
Од останатите македонски екипи, Еурофарм Пелистер ќе чека „милост“ од ЕХФ за можна валјд карта и учество во ЛШ.
ПИК Сегенд, Адемар Леон, Гудме, Нант, Висла Плок, Спортинг Лисабон, Бешикташ, Мотор Запорожје, Динамо Букурешт, Целје, Шафхаузен, Мешков Брест, Елверум. се тимовите кои ќе бидат конкуренција на Е. Пелистер кои исто така чекаат вајлд карта од ЕХФ.